Erasmus Mundus презентација
Во четврток, 27.10.2011 година, ќе се одржи презентација на Ерасмус Мундус програмата на Европската комисија, која на студентите им обезбедува стипендии за мобилност во рамките на универзитети од Европската Унија. Настанот е наменет за студентите од сите студиски години на додипломски студии и ќе се одржи во термин од 14:00 – 16:00 часот, во Амфитеатарот на ФЕИТ и МФС.
Повеќе информации за можностите на мобилност се дадени во продолжение.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” учествува во повеќе академски мрежи за мобилност на студенти и наставен кадар во рамки на Програмата за доживотно учење – Ерасмус и програмата Ерасмус Мундус Акција 2 – партнерства на Европската комисија. Од 2010 година Универзитетот е активен учесник во академската мрежа Ерасмус Мундус JoinEU-SEE, во координација на Универзитетот во Грац, Австрија.
Главната цел на оваа академска мрежа е промовирање на мобилности преку доделување стипендии на студенти и наставен кадар од земјите на Западен Балкан во земјите членки на Европската Унија и обратно. За таа цел, Универзитетот во соработка со ЕУ универзитетите – партнери од JoinEU-SEE конзорциумот, ќе организира информативен настан со цел за промовирање и запознавање со можностите за мобилност на студенти од УКИМ на следните ЕУ универзитети:
- Универзитетот во Грац, Австрија
- Универзитетот во Лувен, Белгија
- Универзитетот Масарик, Република Чешка
- Универзитетот во Марибор, Словенија
- Универзитетот во Болоња, Италија
- Универзитетот во Гранада, Шпанија
- Универзитетот во Гронинген, Холандија
- Универзитетот во Латвија, Рига, Латвија
- Универзитетот во Турку, Финска
- Универзитетот Вилниус, Литванија
Целната група за која е наменет овој настан се студенти на прв циклус на студии.
На 27 октомври 2011 година во терминот од 14:00 до 16:00 часот, претставници од наведените универзитети застапени во мрежата EM JoinEU-SEE ќе направат презентација на студиските програми на своите универзитети пред студентите и наставниот кадар, при што истите ќе имаат можност за директна комуникација со претставниците на односните универзитети.