Упис на нови студенти на втор циклус студии

Објавен е конкурс за запишување на нови студенти на втор циклус студии во учебната 2016/2017 година. Од оваа година ФИНКИ обезбедува попуст до 30% за запишување на втор циклус на студии за студентите кои дипломирале на ФИНКИ. Повеќе детали за Конкурсот можете да добиете на овој линк или во текстот што следува. 
Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. 

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за знаење странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи. 
Рокови за пријавување и запишување

Пријавување на кандидатите 12.09.2016-07.10.2016 секој работен ден од 9 до 14 часот.

Повеќе информации за студиите можете да добиете на magisterski@finki.ukim.mk. Детали за студиските програми може да се најдат во делот Студии-Магистерски студии на сајтот на ФИНКИ или на следниот линк.
Квоти и школарини за втор циклус на студии во учебната 2016/2017 година 
 Студиска програма Број на студенти   Вкупен износ на школарина (ЕУР)
 3+1+1  4+1
 Едногодишни магистерски студии   201  1800
 Компјутерски мрежи и е-технологии  20  1800
 Интелигентни информациони системи  20  1800
 Софтверско инженерство  30  1800
 Содржински базирано пребарување  5  1800
 Биоинформатика  10  1800
 Екоинформатика ТЕМПУС  5  1800
 Систем во чип ТЕМПУС  5  1800
 Инженерство на интелигентни системи  7  1800
 Кодирање и криптографија  7  1800
 Компјутерски науки  10  1800
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  16  1800
 Статистика и актуарска математика  5  1800
 Управување со информатички технологии   25  1800
 Пресметување во облак   20  1800
 Едукација со ИКТ   16  1800
 Двегодишни магистерски студии  88  2500
 Компјутерски мрежи и е-технологии  7  2500
 Интелигентни информациони системи  7  2500
 Софтверско инженерство  10  2500
 Содржински базирано пребарување  5  2500
 Биоинформатика  5  2500
 Екоинформатика ТЕМПУС  5  2500
 Систем во чип ТЕМПУС  5  2500
 Инженерство на интелигентни системи  5  2500
 Кодирање и криптографија  5  2500
 Компјутерски науки  5  2500
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  7  2500
 Статистика и актуарска математика  5  2500
 Управување со информатички технологии   10   2500
 Пресметување во облак  7  2500