Упис на нови студенти на магистерски студии

Објавен е конкурс за запишување на нови студенти на магистерски студии во втор уписен рок во учебната 2014/2015 година. Повеќе детали за Конкурсот можете да добиете на овој линк или во текстот што следува.
Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. 

Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за знаење странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи. 
Рокови за пријавување и запишување

Пријавување на кандидатите 15.09.-17.10.2014

Запишување на кандидатите 23-24 октомври 2014 
Повеќе информации за студиите можете да добиете на magisterski@finki.ukim.mk 
Квоти и школарини за прв уписен рок за втор циклус на студии 
 Студиска програма Број на студенти   Вкупен износ на школарина (ЕУР)
 3+1+1  4+1
 Едногодишни магистерски студии   280  1800
 Компјутерски мрежи и е-технологии  40  1800
 Интелигентни информациони системи  40  1800
 Софтверско инженерство  40  1800
 Содржински базирано пребарување  20  1800
 Биоинформатика  20  1800
 Екоинформатика ТЕМПУС  10  1800
 Систем во чип ТЕМПУС  10  1800
 Инженерство на интелигентни системи  20  1800
 Кодирање и криптографија  20  1800
 Компјутерски науки  20  1800
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  30  1800
 Статистика и актуарска математика  10  1800
 Двегодишни магистерски студии  200  2500
 Компјутерски мрежи и е-технологии  30  2500
 Интелигентни информациони системи  30  2500
 Софтверско инженерство  30  2500
 Содржински базирано пребарување  10  2500
 Биоинформатика  10  2500
 Екоинформатика ТЕМПУС  10  2500
 Систем во чип ТЕМПУС  10  2500
 Инженерство на интелигентни системи  10  2500
 Кодирање и криптографија  10  2500
 Компјутерски науки  10  2500
 Софтверско инженерство ТЕМПУС  30  2500
 Статистика и актуарска математика  10  2500