Систематски преглед за студентите од прва година

Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 58.

Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 03.02.2025 – 21.02.2025 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација
  • Копии од страниците 2 до 5 од здравствената легитимација

Прегледот вклучува лабораториска анализа (од 7:30 до 10:00 часот), општ медицински преглед и стоматолошки преглед.