Пријавување испити за студенти на II циклус
Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвора почетната страница за студентите. На неа се наоѓаат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бројот на индекс на најавениот студент.
Втората опција од менито ве води на страница на која можете да ги видите вашите лични податоци кои се внесени во системот при запишувањето. Третата опција е ‘Запишани семестри’. На оваа страница студентот има увид во тоа кои семестри му се веќе запишани. Во табот ‘Предмети’ студентот има увид во запишаните предмети во семестрите кои ги запишал. Во табот ‘Испити’ може да има увид кои предмети му се внесени во системот како положени и која е соодветната оценка која ја има добиено за истите.
Хартиените пријави НЕ СЕ НОСАТ во службата за студентски прашања, туку дирекно на професорите на испит. За студентите кои положиле преку колоквиуми, пријавите се предаваат во терминот за земање оценки.
Студентите кои нема да донесат хартиена пријава, нема да имаат право да полагаат односно нема да имаат можност да им се внесе оценката добиена на преку колоквиумите.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги положиле преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават, бидејќи во спротивно нема да можат да ги добијат оценките и ќе треба да ја чекаат следната сесија.