Избор на најдобар дипломски труд
Здружението ЕТАИ (Електроника Телекомуникации, Автоматика, Информатика) доделува ЕТАИ студентски награди за најдобар дипломски труд од горе наведените области за студентите на ФИНКИ кои дипломирале во 2015 година.
Наградата е парична и изнесува 10.000,00 денари. Критериумите кои ќе бидат земени во вид од страна на трочлена Комисија согласно која ќе бидат избрани најдобрите трудови се следните:
- Практична реализација на дипломскиот труд.
- Оригиналност/Иновативност на дипломскиот труд.
- Квалитет на текстуалната презентација на дипломскиот труд.
- Дипломскиот труд или негов дел е објавен како инженерски труд на национална или меѓународна конференција.
Потребни документи за апликација:
- Пријава за награда за најдобар инженерски труд од областа на Информатика (може да ја најдете тука).
- Краток опис на дипломскиот труд (до 500 зборови)
- Дипломскиот труд во електронска форма (.pdf)
- Биографија на кандидатот
- Уверение за дипломиран инженер.
- Дополнителни материјали кои ќе послужат за појаснување на дипломскиот труд (видео материјали, фотографии, линкови и сл.)
Право на пријавување на конкурсот имаат сите студенти кои дипломирале со просечна оцена поголема од 8.00.
Рокот за пријавување е до 11ти март, а апликациите се праќаат на arhiva@finki.ukim.mk со наслов [ЕТАИ награди за дипломски труд].