Решение за доделување на стипендии на кандидатите од прв упсен рок 2022/2023

Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2022/2023 година. Списокот со овие студенти е поставен овде. Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.

Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација. Кандидатите кои ги приложиле дипломите со поднесените документи и се ослободени се во следноторешение за стипендисти на ФИНКИ. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат на 12.09.2022, со носењето на останатите документи.