Ранг листа за упис во трет уписен рок 2025/26
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во третиот уписен рок ќе се изврши на шалтер во Студентска служба (на истото место каде се поднесуваа документите) на ден 29.09.2025 година.
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026
2. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ
3.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
3.а.1.Договорза студирање во државна квота во два примероци
3.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
3.б.1.Изјаваза согласност за поднесување на трошоците на студирање
3.б.2.Договорза студирање во квота со кофинансирање во два примероци

4. Потврда за уплата на 1000,00 денари на сметката на ФИНКИ за трошоци од специфика на студиската програма. (пример уплатница)
5. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
7. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)
Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2025/2026, поднесените документи можат да ги повлечат до 30.9.2025 (09 – 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјаваза подигнување на документите во 2 примероци.