д-р Соња Гиевска

Родена е 1963 година во Скопје. Дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје (1986), магистрирала на Електротехничкиот факултет во Загреб (1993) и докторирала на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, САД (2004). Во 1990 година е вработена на Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје како помлад асистент. Звањата асистент и доцент ги стекнала во 1993 и 2005 година, соодветно. За време на докторските студии во САД (1997-2003) и во периодот од 2006 до денес, предавала и учествувала во истражувачката дејност на универзитетот „Џорџ Вашингтон“, САД. Нејзината научно-истражувачката работа е од областа на кориснички интерфејси со посебен интерес за интелигентни интерфејси базирани на агенти, репрезентација на контекст во интелигентни системи и мултимедиски системи. Автор/коавтор е на околу четириесетина научни трудови публикувани во зборници од меѓународни конференции, едитирани книги и меѓу народни научни списанија. Учествувала во десетина научно-истражувачки проекти во Македонија и САД. Нејзините актуелни истражувања се фокусирани на интелигентни системи за поддршка на интеракцијата човек-компјутер, посебно наменети за системи во кои сигурноста и безбедноста на корисниците и опремата се од критична важност. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.