д-р Невена Ацковска

Родена e 1975 година во Скопје. Основно и средно училиште завршила во Скопје. Во текот на образованието била добитник на повеќе награди и признанија на регионални и на републички натпревари по биологија и математика. Студиите по компјутерска техника, информатика и автоматика на Електротехничкиот факултет во Скопје ги започнала во учебната 1994/1995 година Академската 1995 година ја следела на Univerity of Massachussetts, Amherst, MA, USA, каде што била на листата на најдобрите студенти. Дипломирала во 2000 година на Електротехничкиот факултет во Скопје со среден успех 9,52. Во 2000 година била примена за демонстратор, во 2001 година е избрана за помлад асистент, а во 2004 година за асистент во Заводот за програмско инженерство на ИИ при ПМФ. Во 2003 година ги завршила постдипломските студии по информатика на ПМФ од областа на вештачките интелигентни системи, со одбрана на магистерскиот труд под наслов “Информациони и управувачки процеси во биолошка клетка”. Се стекнала со степенот доктор на информатички науки во 2008 година со одбрана на докторската дисертација под наслов „Системски софтвер на минимални биолошки системи“. Во 2009 година е избрана за доцент на Институтот за информатика при ПМФ. Држела вежби по десетина предмети за студентите по информатика, а изведувала вежби и за студентите по хемија и математика при ПМФ, на Земјоделскиот факултет во Скопје, како и на Полициската Академија и Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Тековно држи предавања по 7 предмети на Институтот за Информатика на додипломските студии, како и 3 предмети на постдипломските студии. Била соработник во реализацијата на 6 научни проекти. Учествувала на повеќе специјализирачки интернационални школи и курсеви во САД, Германија, Бугарија, Велика Британија и Македонија. Автор е на повеќе од 40 труда, од кои 2 се објавени во списанија, 2 во поглавја од книги а останатите во зборници на трудови од меѓународни или домашни научни конференции. Коавтор е на 2 учебни помагала и еден учебник за програмирање за студентите од информатичките факултети, како и еден учебник по информатика за основното образование. Организатор е на 5 конференции и 2 работлници, а уредник е и на еден зборник на трудови. Нејзини области на истражување се биоинформатиката, роботиката и интелигентните суштества (природни и вештачки). Член е на: IEEE, Здружението на информатичари на Македонија, Центарот за дигитизација на националното наследство при ИИ и Здружението за заштита на децата во Македонија (секретар за меѓународни односи, 1996-1997). Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.