д-р Слободан Калајџиски

Роден е 1976 година во Охрид. Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2000 и 2004, соодветно. Докторирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2008 година. Првото работно искуство го имал во Неоком А.Д. во 2000 година, каде работел на позициите софтверски архитект, проект менаџер и програмер. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје работи од 2000 година како демонстратор. Звањата помлад асистент и асистент ги стекнал во 2003 и 2005 година, соодветно. Во 2008 година бил избран во звањето доцент. Како асистент бил вклучен во одржувањето настава по предмети од областа на програмски јазици, структури и бази на податоци, структурирано програмирање, објектно ориентирано програмирање, објектно ориентирани системи, бази на податоци, објектно ориентирана анализа и дизајн и информациони системи. Како доцент одржува настава по предмети од областа на објектно ориентирани системи, бази на податоци 2, објектно ориентирана анализа и дизајн и информациони системи. Координатор е на магистерските студиски програми Содржинско базирано пребарување и Интелигентни информациони системи, каде одржува настава на дел од предметите покриени со овие студиски програми. Автор е на триесетина научни трудови објавени на меѓународни и домашни конференции и списанија. Учествувал во 8 научно-истражувачки проекти. Полињата на научно-истражувачки интерес вклучуваат биоинформатика, системска биологија, откривање на знаење во податоци, податочно рударење, податочни складишта, бази на податоци, анализа и дизајн на информациони системи. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.