д-р Марија Михова

Родена 1976 година во Штип. Основно и средно образование завршила во Штип. Добила повеќе награди на натпревари по математика и физика. Дипломирала во 1999 година на студиите по математика на ПМФ, а во 2004 година го одбранила магистерскиот труд на тема “Моделирање надежност на системи со повеќе состојби” и стекнала звање магистер по математички науки. За помлад асистент на ИИ била избрана во 2001 година, а во 2005 година за асистент. На Институтот за информатика држела вежби по предметите: множества, вектори и матрици, диференцијално сметање. интегрално сметање, математичка логика за информатичари, математика 1, дискретни структури и статистика. Држела вежби и по статистика 2 за студентите по математика, математички методи во хемија за студентите по хемија и статистика за студетите по географија. Главно подрачје на нејзин научен интерес е областа надежност на системите. Се интересира и за други подрачја од областа на веројатноста, статистиката, комбинаториката и др. Има објавено 30-тина трудови, а презентирала повеќе од 30 трудови на конференции и работилници. Учествувала во 3 научноистражувачки проекти и во 2 проекта за унапредување на образованието. Членува во Центарот за дигитизација на националното наследство на Македонија, како и во Друштвото на математичарите на Македонија и Друштвото на информатичарите на Македонија. Како активен член на Здружението на Информатичари, од 2001 година, учествувала во организацијата на повеќе регионални и државни натпревари по Информатика и Македонски Олимпијади по Информатика. Во моментов е член на Извршниот одбор на ЗИМ. Исто така била и во организациониот одбор на Балканската Олимпијада по Информатика во 2008 година. Била и лидер на Македонската екипа на две Балкански Олимпијади по информатика во 2008 и 2009 година. Таа е рецензент на учебникот за четврто одделение за основно образование. Марија била и член на Организициониот Одбор на Првата SEEDI Конференција DIGITAL (re-)DISCOVERY of CULTURE (PHYSICALITY OF SOUL) – Playing. Digital. Член е на програмски одбор на две научни конференции и уредник на зборник од трудови на една конференција. Рецензија – ЛИНК.Одлука за избор – ЛИНК

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.

Нема внесени податоци.