Пракса во Агенција за администрација
Опис
Агенција за администарција ќе спроведува практична работа во текот на месеците јуни, јули и август 2026 година, наменета за студенти кои ја вршат практичната работа во рамките на образовната програма на високообразовните институции.
Право на учество имаат студенти кои се тековно запишани на прв циклус или постдипломски студии, од следните области:
- информатички науки
Агенцијата објавува повик за пријавување на заинтересираните студенти за следните позиции:
1. Техничка поддршка на ИТ инфраструктурата и системите на Агенцијата
2. Техничка поддршка за одржување на веб страната на Агенцијата
Кандидатите треба да ги исполнува следните услови:
За точка 1:
- Да се редовни студенти на ФИНКИ со завршена 2-ра година
- Познавање на администрирање на Windows оперативен систем ќе се смета за предност
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност
- Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
За точка 2:
- Да се редовни студенти на ФИНКИ со завршена 3-та година
Практичната работа ќе се реализира согласно капацитетите и потребите на организациските единици во Агенција за администрација.
За повеќе информации обратете се на kontakt@aa.mk.